ГОЏИ БОБИНКИТЕ ВО ИСХРАНАТА
Заради нивниот пријатен вкус, гоџи бобинките можат да се конзумираат свежи или сушени, како сок или чај од сувите плодови или како додаток на разни пијалоци и јадења.
Бидеќји имаат јако тонификацијско дејство, препорачливо е да се конзумираат наутро или во тек на раните претпладневните часови како не би го пореметиле сонот. Оптималната количина изнесува две до три лажички дневно.
Сувите бобинки се додаваат како вкусни ароматски додатоци на јадењата од варен ориз, во освежувачки супи, во јадења со свинско,пилешко и зеленчук, како и за оплеменување на виното и пивото, додаток на колачи, сладолед, слатки, леб. Се користат за правење џемови, мармалади, јогурти, како зачин и сос.
Свежите гоџи бобинки се користат за разни динстани,пржени и печени јадења од зеленчук, месо и морски плодови, како и за слатки.
ГОЏИ БОБИНКИ РЕЦЕПТИ
ГОЏИ БОБИНКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ
Тоа е многу едноставен рецепт и се што треба да направите е да ги измешате гоџи бобинките со чаша јогурт и додадете им една лажица овес или некоја друга житарка. Тоа е одлична превенција од преладување и грип, и секако ви го препорачуваме.
Гоџи бобинките се врста на храна која содржи највеќе хранливи состојки на планетата.
ГОЏИ СОКОТ НЕ ШТИТИ ОД СОНЦЕТО
Направете го овој одличен гоџи сок од следните состојки :
- гоџи бобинки – 2 супени лажици
- 3 дл вода
- 1 лажица свежо нарендан ѓумбиров корен
- сок од половина лимон
- сиров мед од багрем, ливадски или шумски (само по потреба – не е неопходен)
Припремање
Гоџи бобинките ги ставате во вода да одстојат најмалку еден час. Потоа сипете ги во блендер, додадете ѓумбир и другите состојки и јако измиксирајте се додека во потполност не се измешаат. Добиениот гоџи сок сипете го во чаша, додадете мраз и едно резне лимон. Овој пијалак е одлична заштита од сонце.
ЏЕМ ОД ГОЏИ БОБИНКИ
Овој рецепт го дава Дукановата диета во менито па и ние ви го препорачуваме било да сте на диета или не:
- 5 лажици гоџи бобинки
- вода - само да ги прекрие бобинките – не повеќе
- 1 лажица течен засладувач (или шеќер по ваш вкус)
- 1 до 2 лажички сок од лимон
- 2 лажички арома од јагода или друго по ваш избор
Во помало лонче ставете ги гоџи бобинките, прелијте ги со вода и полека варете. Додадете го сокот од лимон и засладувачот и оставете малку да зоврие. По потреба додадете вода да не загори. Варејќи ги гоџи бобинките ќе набабрат и карамелизираат. Симнете го од огин и добиениот џем сипете го во стаклени тегли. Кога малку ќе се изладат ставете ги во замрзнувач каде можете да ги чувате до една недела. Земајте по една до две лажици на ден. Можете да го мачкате на леб и слично.
Nema komentara:
Objavi komentar