Одгледување





ГОЏИ (лат. Lycium barbarum)


Гоџи или “Gou Qi Zi” потекнува од Тибет, се верува дека е света билка која се користи повеће од 6.000 год. Со векови се користи во традиционалната медицина за одржување на доброто здравје и енергија а посебно за подобрување на видот. Една од најпрофитабилните овошки за одгледување. Двојно подобра од аронијата.

Може да израсне од 2 до 3 метри во височина. Плодовите се сочни, со портокалово-црвена боја, долгнавест облик со должина од 1 до 2 сантиметри, бобинките содржат и до 60 ситни семки кои созреваат од јули до октомври. Имаат слаткаст вкус. Древната кинеска медицина ги вбројува меѓу водечките лекови за заболувањата на системот за циркулација. Бидејќи имаат пријатен вкус, бобинките може да се конзумираат свежи или исушени, во облик на сок или чај од сувите плодови или како додаток на разните пијалоци и јадења.


ОДГЛЕДУВАЊЕ И ПОДНЕБЈЕ


На Гоџито му одговара климатското подрачје на Србија и Македонија па успешно се одгледува и кај нас. Гоџито добро ја поднесува сушата, но треба да се внимава на наводнувањето во првата година после садењето. Успева на сува, јалова (нутритивно сиромашна) почва, а може да успее и на песочна и глинеста почва во крајбрежно подрачје. Најмногу му одговара алкална почва со пХ 6,5 и повеќе. Поднесува високи температури преку лето до 40 степени, како и екстремно ладни зими (-40 степени). Потполно е отпорно на мраз, а во врска  со заболувања и штеточини се користат само ОРГАНСКИ средства како што е “ПЕРФИТ” (еколошки биоцид).



ЗАСАДУВАЊЕ НА ГОЏИ БОБИНКИТЕ


Гоџито сака многу сонце па најдобро е да се засадат на место кое е цел ден изложено на  сонце. Садењето се прави во тек на целата година. Ако се сади во текот на летото, садниците треба почесто да се полеваат. Ако сакате подобри резултати, не смеете да штедите вода во текот на летото,секое второ утро или вечер треба да се полеваат садниците. За плантажи предвидено е растојанието меѓу садниците во редот, по можност да биде од 1,6 до 2 метри а помеѓу редовите растојанието да биде од 2,2 до 2,5 метри. 



ПРОЛЕТНО И ЛЕТНО ЗАСАДУВАЊЕ


Се сади во јами со големина 40 х 50 см, на растојание од 1,5 до 2 м помеѓу јамите, во зависност каде ги садите и како ги садите (двориште или плантажа). Се запрашува јамата со вар во прав.Потоа припремаме во однос 3:1:1 – прегорено шталско ѓубре, ситнета земја и тиња (мешавина од речен муљ со песок) и додаваме 500 грама ЗЕОЛИТ во гранули. Смесата добро да се измеша и се сипува во дупката околу 35 сантиметри, по заливањето треба да остане 15-20 см до врвот за садницата. Се вади садницата од саксија и се става во јамата. Околу садницата се става смеса претходно промешана во кофа: СУПСТРАТ,ХИДРОГЕЛ(со вода) и една лажица ЗЕОЛИТ во прав, така да добиеме кашеста или јогуреста смеса. Со смесата од ѓубре и земја ја пополнуваме јамата до врв.    Целата површина ја залеваме со вода и со рака лесно ја притискаме земјата.Се залива неколку дена после засадување и се дополнува со иста смеса од ѓубриво. Покрај билката се става стап со висина од 1,5 до 2 метри и билката лесно се врзува за него. Кога  билката е млада, постојано мора да се залива.



ЕСЕНСКО И ЗИМСКО ЗАСАД УВАЊЕ


Се копа јама широка 40 см и длабочина 50 см, на растојание од 1,5 м до  2 м една од друга, во зависност каде ги садите и како ги садите (двориште или плантажа). Се запрашува јамата со вар во прав. Потоа се пополнува јамата до врв со претходно припремена и промешана смеса од  прегорено шталско ѓубре,ситнета земја и тиња (мешавина од речен муљ со песок) во размер 2:1:1 и додаваме 500 грама ЗЕОЛИТ во гранули. Ако немаме ѓубриво можеме да користиме и СУПСТРАТ кој се купува во земјоделска аптека и го мешаме со земја и ЗЕОЛИТ и со таа смеса ја пополнуваме јамата до врв. Потоа со валчест предмет од 8см дебелина се прави вдлабнување од околу 15 см во кој се сместува кореновиот систем на билката. Просторот околу кореновиот систем се пополнува со смеса претходно промешана во кофа: СУПСТРАТ, ХИДРОГЕЛ(со вода) и една лажица ЗЕОЛИТ во прав, така да добиеме кашеста или јогуреста смеса. На крај ставете ситна земја околу билката. Потоа залејте ја со вода и земјата притиснете ја со рака. Покрај билката се поставува стап и лесно се врзува занего.



БЕРБА


  • Плодовите се берат од Август до Октомври, рано наутро и касно попладне. Бидејќи се берат само зрели бобинки берењето може да се врши до првите мразови. Берењето не треба да се врши со рака, туку со тресење на зрелите бобинки на простирка, бидејќи брзо оксидираат при допир или со ракавици. Бобинките имаат слаб кисело-слаткаст вкус. Кога се пробуваат свежи бобинките сличат на брусница, суво грозје, микс на морков и цреша. Осушени бобинките се со многу посочен вкус и послатки.
  • Младите лисја се берат во рана пролет, се сушат во ладовина или во сушари и се пакуваат во хартиена амбалажа. Се користат за правење чај за терапија во традиционалната кинеска медицина. Свежите млади лисја и фиданки од гоџито се користат како зеленчук и можат да се користат како додаток во супи и чорби. Потребно е само добро да се измијат и термички преработат.
  • Кората од коренот се вади во пролет и есен. Коренот се откопува, потоа добро се мие и од него се симнува кората која се суши во сушара. Осушената кора од коренот на Гоџито се користи за лекување на инфламаторни и кожни болести.


Nema komentara:

Objavi komentar