Лековити својства


 Добро делува на:

  • регулација на нивото на шеќерот во крвта (дијабетес)
  • смалување на ризикот од срцеви заболувања и подобрување на состојбата на крвните садови
  • смалување на нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта
  • подобрување на циркулацијата и регулирање на крвниот притисок
  • дава заштита од мозочен удар
  • антиоксидација на организмот што дава заштита против рак
  • поправање на имуно-системот  и јакнење на виталната енергија
  • зголемување на животниот век и давање на осет на младост, така да дава заштита од прерано старење на телото
  • јакнење на организмот после болест
  • одстранување на болките во зглобовите и грбот
  • одстранување на заморот, главоболките, зуење во ушите и општа малаксалост и слобост
  • подобрување на видот и заштита на очите против одумирање на жолтата дамка
  • слабеење (го јакне метаболизмот, дава природна слаткост која го заменува шеќерот)
  • заштитата на црниот дроб и бубрезите
  • тенот и квалитетот на кожата
  • сексуалните функции (кај импотенција и фригидност) како еден од најголемите афродизијаци
  • смирување на нервозата

ДНЕВНА ДОЗА

За потполно уживање на благодетите кои ни ги нуди гоџи бобинката, не се потребни поголеми количини. Наиме  дневната доза која се препорачува е севкупно 10 до 30 грама. Напоменуваме дека не постои горна граница кај истите така да можете слободно да ги конзумирате и во поголеми количини ако сте во можност. Традиционалната кинеска медицина да кажеме дека препорачува и до 150 грама дневно доколку се употребуваат гоџи бобинките како лек. 


ФАРМАКОЛОШКИ СВОЈСТВА

Гоџито пред се е извонреден антиоксидант и го завзема првото место меѓу сите билки. Во 100 грама гоџи бобинки се наоѓаат фантастични 25.300 единици четири пати повеќе од сливата.

  • антиоксидант – ги неутрализира слободните радикали и причинителите за разурнување ќелијската мембрана
  • имуностимулатор – го поправа нарушениот имунитет
  • тоник – средство за опоравување на ослабениот организам
  • антиинфламатор – средство против воспаленија
  • седатив – средство за смирување
  • афродизијак – средство кое го зајакнува полниот нагон
  • абортифацијент – средство кое предизвикува абортус
  • епителизант – средство кое ја  подобрува епителизацијата на кожата
  • еменагог – средство кое ја индуцира и регулира менструацијата

СОДРЖУВААТ ВО СЕБЕ:


  • 18 аминокиселини од вкупно 20
  • 21 минерал (железо, цинк, селен, калцијум, калијум, магнезијум, ... )
  • 8 полисахариди и 6 моносахариди
  • 5 каротени (вклучувајќи го бета каротин, зексантин, лутеин, ликопен и криптоксантин )
  • 7 витамини (Б1, Б2, Б6, Ц, А, Д, К)
  • линолна и алфа–линоленска киселина, бета-ситостерол (добар за холестерол)
  • високата концентрација на селен, витамин С и каротен му дава фантастични    АНТИОКСИДАТИВНИ СВОЈСТА
  • 5 незаситени мастни киселини, бетаситостерол и други фитостероли, сапонини, алкалоиди, протеини.

Nema komentara:

Objavi komentar